Ник Кирјос и донесе нова победа на Австралија на АТП купот кој е актуелен овие неколку дена, но во моменти кога се игра овој турнир, цела Австралија е на нозе поради огромниот постош и ужас кој ја погоди оваа земја.
Поради страшните пожари е прогласена вонредна состојба, поради што голем број жители мора да се селат или да бидат евакуирани од страна на спасувачките служби. Овие тешки моменти го инспирираа Ник Кирјос да даде ветување за секој ас кој ќе го „испали“ ова лето, нагласувајќи дека за секој свој ас сервис ќе донира по 200 долари.
Ник веќе има собрано преку 4000 долари и доби големи пофалби од домашната јавност, а по мечот кој го одигра со Штруф, не можеше да ги сокрие емоциите за страдањата на неговите сонародници.
Не ми е гајле за пофалбите. Ние имаме моќ да направиме нешто такво. Тоа што се случува е тажно, – порача видно потресениот Кирјос.
This is emotional.
🇦🇺 @NickKyrgios talks about the bushfires in Australia after his @ATPCup victory in Brisbane.#ATPCuppic.twitter.com/Gt3d253RXw
— ATP Tour (@atptour) January 3, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.