Стотици полицајци извршиле масовни претреси во барови за наргиле, чајџилници и нелегални казина во западниот дел на Германија.
Полицијата запленила 34.000 евра, 19 слот-машини и три килограми тутун за наргиле.
Единаесет чајџилници и барови се затворени за кршење на мерките против корона вирусот.
Никој не е приведен, но рациите се поврзани со сомневања за перење пари и затајување данок.
Министерот за внатрешни работи на германската провинција Северна Рајна-Вестфалија, каде се случиле повеќето претреси, Херберт Ројл, изјави дека полициските акции се важен сигнал што покажува дека државата спроведува стратегија за нула толеранција против криминалот.
Сакаме да им покажеме на оние кои го дестабилизираат секојдневниот живот во овие градови дека тоа заврши – информира Ројл.
Претреси биле извршени во градовите Есен, Бохум, Херне, Витен, Гелзенкирхен, Дортмунд, Вупертал и во округот Метман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.