Голем скок во бројот на потврдени случаи на коронавирус забележан е во најтешкопогодената област во Италија што допринесе најголем пораст на дневно ниво на бројот на заразени во земјата во последните неколку дена, покажаа вчера официјалните резултати.
Италијанското Министерство за здравство соопшто дека се потврдени 1.033 новозаразени во Ломбардија од понеделникот навечер, што преставува поголем дел од1.402 нови случаи во земјата во последните 24 часа. Властите до синоќа забележале 172 починати за 24 часа, а речиси половина од таа бројка се во Ломбардија.
Официјалните здравствени власти нестрпливо ги чекаат бројките од дневно заразени за да утврдат дали делумното ублажување на рестрикциите од 4 мај предизвикало пораст на заразата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.