Попладнево избувна пожар на улицата дес Алие во ромскиот камп во Гренобл, во кој живеат и семејства од Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Париз.
За гаснење и спречување на ширењето на пожарот, кој е пријавен нешто по 15 часот, се мобилизираа повеќе пожарникари. Утврден е безбедносен периметар бидејќи пожарникарите стравуваат од експлозија поради присуство на плински боци.
Засега сѐ уште не се познати причините за пожарот.
Во овој камп-дива населба, веќе неколку месеци живеат семејства на бездомници Албанци и Македонци. Тие чекаат да им се потврдат барањата за азил, во исклучително тешки услови за живот. Градското собрание формираше екипи за да се обиде да им помогне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.