Голем шумски пожар ја зафати областа околу Ерусалим по што густ облак од црн чад се надвисна над градот додека властите се обидуваат да го стават огнот под контрола.

Во гасењето се ангажирани стотици пожарникари од целата земја, но високите температури, сувиот воздух и ветерот ги попречуваат нивните напори.

Асошиејтед прес, објави дека црно-портокалов чад го прекри поголемиот дел од Ерусалим.

Израелската полиција соопшти дека се евакуираат илјадници жители од неколку места западно од Ерусалим, дека на некои им е укажана помош бидејќи вдишале чад, и дека патиштата во таа област се затворени за сообраќа.

Во областа Рамат Разиел огнот стигнал до куќите.

Министерот за одбрана на Израел Бени Ганц ѝ нареди на војската да им помогне на пожарникарите во борбата со пожарот, соопштија од неговиот кабинет.

За гасењето на пожарот се ангажирани и осум авиони, а за спасување една хеликоптерска единица.

Засега нема извештаи за причината за избивањето на пожарот, втор овој месец во таа област.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.