Околу 80 луѓе се повредени во голем пожар, кој избувнал во близина на црквата „Саграда Фамилија“ во Барселона, соопшти локалната служба за итни случаи.

Меѓу повредените, деветмина се здобиле со полесни повреди, четворица имаат малку потешки повреди, а едно лице се наоѓа во критична состојба. Останатите биле прегледани од медицински екипи на самото место.

Огнот зафатил една станбена зграда, а чадот се проширил низ соседните улици.

За гаснење на пожарот се ангажирани 12 противпожарни екипи, а голем дел од улиците во реонот се затворени за сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.