Британскиот министер за правда Дејвид Гок изјави дека в среда ќе поднесе оставка доколку Борис Џонсон победи на внатрепартиските избори во Конзервативната партија и стане нов премиер на Велика Британија.

Гок, која ја извршува оваа функција од јуни 2016 година кога премиер стана Тереза Меј, порача оти не може да продолжи да работи во влада на Џонсон, поранешен шеф на британската дипломатија, доколку тој побара Брегзит без договор со ЕУ. Според него, таквиот потег на Лондон ќе води кон национално „понижување”.

– Имајќи предвид дека бев во кабинетот откако Тереза Меј дојде на власт, сметам дека е одговорно од мене да поднесам оставка како и таа, истакна Гок.

Трката за нов лидер на ториевците влегува во последните 48 часа, гласањето е утре, резултатите ќе бидат соопштени во вторник, а противник на Џонсон е актуелниот британски министер за надворешни работи Џереми Хант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.