Полицијара спасила шестгодишно момче од семејното насилство на кое било изложено подолго време во село во областа Луганск во Украина. Случајот бил пријавен од страна на родители на пријателите на момчето, на кои тој им признал што му прави неговиот татко и семејството.

Момчето било пронајдено како клечи, врзано со ланец околу вратот. На неговото тело имало траги од континуирана физичка злоупотреба.

Неговиот татко признал дека го тепал, но се правдал дека тоа го правел како воспитна мерка.

Уапсени се таткото (36) и маќеата (27), кои кривично ќе се гонат за детска злоупотреба и измачување, за што казната е максимум пет години затвор.

Детето е пренесено во болница, каде покрај целосен физички преглед, ќе биде пратено и на психолошка проценка. Тоа ќе биде сместено во дом за деца без родители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.