Романската Влада од утре воведува нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, а состојбата на тревога ќе биде продолжена до средината на ноември.
Од утре ќе бидат забранети сите приватни прослави, како свадби и крштевки на отворен и во затворен простор, а граѓаните ќе мора да носат маски на јавни места во градовите во кои двонеделниот просек на заразени надминува три случаи на 1.000 лица.
Носењето маски во моментот е задолжително во јавниот превоз, во затворените јавни простори и отворените места каде што е тешко да се одржи дистанца, како што е пазарот. Исто така, театрите, кината и угостителските објекти ќе се отвораат во зависност од бројот на заразени лица во секој град.
Во последните денови, над 3.000 случаи дневно се регистрираат во Романија, со што вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 160.461 лице. Досега починаа 5.535 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.