Тројца членови од едно семејство се обвинети за убиство на припадник на обезбедувањето на една продавница, кој им кажал дека треба да носат маска на лицето, објави Си-ен-ен.

Калвин Минерлин (43) починал во болницата во Флинт, во американската сојузна држава Мичиген, откако бил застрелан во главата во петокот.

Шармел и Лари Тиг и нивниот син се обвинети за убиство со умисла.

Сведоци откриле дека Минерлин влегол во вербален дуел со Шармел откако ѝ кажал на нејзината ќерка дека ѝ треба маска. Ќерката ја напуштила продавницата, по што мајката почнала да вика по Минерлин, кој ѝ рекол да го напушти објектот и му рекол на продавачот да не ја услужува.

На снимките можело да се види како жената потоа си заминува со својот автомобил, а 20-тина минути подоцна истото возило се враќа пред продавницата. Овојпат две лица влегуваат во продавницата, од кои едниот од напаѓачите го обвинил Мунерлин за непочитување на неговата сопруга. Потоа, другото лице го застрелува.

Поточно, нејзиниот сопруг и син влегле во продавницата, почнале да викаат по човекот од обезбедувањето и потоа го застрелале. Двајцата се во бегство, додека сопругата е во притвор.

Од сите показатели, Минерлин едноставно си ја извршувал својата работа според препораките од властите во врска со пандемијата од ковид-19 за заштита на вработените и на муштериите, рече окружниот обвинител Дејвид Лејтон.

Ова е бесмислено. Поради маска. Поради маска?, изјави Тина Џејмс, роднина на убиениот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.