Официјално полицијата соопшти дека во терористичкиот напад на хотелско-деловен комплекс во Најроби загинале 21 лице. Меѓу загинатите има еден Американец, еден Британец, 16 Кенијци и три лица со aфриканско потекло кои не се идентификувани.
На местото на нападот се најдени шест тела на цивили и еден полицаец, кој им подлегна на повредите – соопшти шефот на кениската полиција Косеф Бонет.
Тоа се допонителните седум жртви, на оние 14 за кои денеска извести претседателот на Кенија Ујуру Кенијата.
Нападот почна вчера попладне во 15 часот по локално време со експлозија на автомобил на бомбаш-самоубиец и уште еден кој се разнел во фоајето на хотелот.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ал-Шабаб, од каде вчера соопштија дека имало 47 жртви.
28 повредени се хоспитализирани во неколку болници во Најроби.
Американски бизнисмен кој го преживеал терористичкиот напад во Њујорк на 11 септенври, загина вчера во терористички напад во Кенија
Џејсон Спиндлер е една од тринаесетте жртви во нападот во Најроби. Се претпоставува дека ручал во хотелскиот ресоран кога четворица напаѓачи влегле во зградата и отвориле оган.
Дејли меил пишува дека работел во кулите-близначки кога се случил терористичкиот напад во Њујорк, преживеал иако во моментот бил на работа, а по нападот го напуштил Волстрит и заминал како волонтер на Мировниот корпус, а потоа работата го одвела во Кенија, каде што основал фирма.
Веста за смртта ја потврдил неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.