Единаесетгодишен Американец, кој е жртва на врсничко насилство поради своето презиме Трамп, присуствуваше на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата во вторник.
Џошуа Трамп од Вилмингтон нема никаква роднинска врска со претседателот.
Неговите родители велат дека другите ученици во одделението го нарекуваат „идиот“ поради презимето и му велат дека е „глупав“.
Џошуа е една од 17 личности кои претседателот и првата дама го повикале да присуствува на говорот за состојбата на нацијата.
Неговите родители Меган и Боби Трамп рекле дека малтретирањето на нивниот син во училиште започнало во 2015 година кога Трамп ја објавил својата кандидатура за претседател.
Рече дека се мрази себеси и своето презиме, и дека е постојано тажен и дека не сака таму да живее – рекла неговата мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.