Договор за Брегзит постигнат е денеска во Брисел, јавува Гардијан.

Тоа го потврди и Борис Џонсон на Твитер.

Добивме нов договор кој ја враќа контролата, сега би требало Парламентот во сабота да направи Брегзит како би можеле да поминеме на други приоритети како што се трошоците за живот, НХС, насилниот криминал и нашето опкружување – напиша Џонсон.

Се огласи и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Таму кај што има волја, има и договор, го имаме!Тоа е правичен и урамнотежен договор за ЕУ и Велика Британија и тоа е доказ на нашата посветенсот за пронаоѓање решенија.

Џонсон претходно ветуваше дека ќе ја изведе земјата од ЕУ во рокот, кој го зацрта, 31 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.