Новинарите кои дошле на брифинг во Белата куќа денеска се изненадиле кога глушец паднал од таванот и завршил во скутот на дописникот на Ен-би-си, Питер Александар.
Некои од новинарите поитале да го снимаат, а други пак да го фатат глодарот. Глушецот се пикнал под вратата и влегол во главната сала за прес-конференции, по што влегол и во салата за брифинзи по што му се губи трагата.
Социјалните медиуми се бомбардирани со слики од глувчето и ловот по него. Медиумите потсетуваат на поранешни изјави на високи функционери кои метафорично порачуваа дека дека „стаорци ја зазеле Белата куќа”, а претседателот Доналд Трамп бил уште попрецизен во 2017 година кога, наводно, истакнал дека Белата куќа е „вистинска депонија“.
And here’s the video to prove it: pic.twitter.com/v6uSrh7KPH
— Peter Alexander (@PeterAlexander) October 1, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.