Гувернерот на италијанскиот регион Кампанија, Винченцо Де Лука, избувна додека на фејсбук им објаснуваше на граѓаните што значи „Фазата 2“ од борбата против корона вирусот.

Еден од жителите на Кампанија се жали дека во„ Фазата 2“ вообичаениот ноќен живот нема да може да се врати, на што најпрво гувернерот му појасни дека во оваа фаза сите ќе мора строго да се придржуваат кон мерките за забрана, пред се за растојанието од најмалку еден метар, и потврди дека нема да има враќање на состојбата од пред три месеци. Но тука не застана со одговорот, па напиша:

„Дали си глупав или си будала? Постои некој на кого чавката му го испила мозокот и кој не сфаќа дека втората фаза е враќање, но не во состојба од пред 3 месеци, туку во состојба на претпазливост и заштита од ризик од повторно ширење на заразата“, напиша Де Лука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.