Неколку минути откако спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави дека Домот денеска ќе гласа за импичмент, претседателот Доналд Трамп ја обвини за „обид за пуч“ и за „поткопување на американската демократија“.
Во писмото од шест страници Трамп и порачува на Пелоси дека „историјата остро ќе и суди“.
Претставничкиот дом денеска ќе расправа, а потоа и ќе гласа за двете обвинувања против Трамп дека ја злоупотребил функцијата и дека ја попречувал истрагата во врска со тоа дали побарал од Украина да покрене постапка против неговиот претседателски ривал демократот Џо Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.