Казна од 374 години затвор и оштета од 26 илјади долари за секоја жртва доби 31-годишниот Јутан Кодсап од Тајланд, кој е осуден за трговија со деца. Според тајландската полиција, Кодсап носел деца на возраст од седум до 12 години да играат видеоигри во неговата куќа, каде што потоа снимал сексуални односи со нив и ги продавал снимките преку апликација за праќање брзи пораки.
Освен затворската казна од 374 години затвор, осудениот треба да плати и по 26.000 долари отштета за секоја од петте жртви.
Во Тајланд ова е втор процес во кој е донесена пресуда за трговија со луѓе во која осудените добија повеќе од 300 години затвор.
Минатата година, Кривичниот суд осуди тројца маѓи на вкупно 309 години затвор поради трговија со деца заради проституција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.