Дваесет и петгодишна девојка е убиена, па масакрирана, од страна на нејзиното момче, затоа што ја одбила неговата понуда за брак. Убиството се случило во европскиот дел на Истанбул, а турската полиција веќе го уапси 29-годишниот Зивал Гола од Афганистан.

Како што навеуваат локалните медиуми, комшиите повикале полиција откако почувствувале лоша миризба од станот на третиот кат. Кога полицијата упаднала во станот, го пронашле искасапеното тело на Авганистанката Наија Арабзаи, на која ѝ биле отсечени ушите и прстите. Лешот бил скриен во креветот на расклопување, а обдукцијата покажала дека девојката починала од давење.

Гола во полиција признал дека ја задавил својата девојка затоа што не сакала да му биде жена, но понатамошната истрага покажала дека тој веќе бил оженет и живеел во турската метропола со сопругата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.