Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска најави дека ќе побара втор претседателски мандат, наведувајќи дека сака да помогне во надминување на поделбите продлабочени со пандемијата на Ковид-19.
Штајнмаер најави дека ќе побара да биде шеф на Германија уште пет години, четири месеци пред изборите за нов парламент, кој ќе го има главниот збор при изборот на претседател. Во февруари следната година, собрание составено од членови на Долниот дом на Парламентот и претставници на 16 сојузни држави ќе избере нов претседател. Актуелниот мандат на Штајнмаер истекува во март.
Пред да стане претседател, Штајнмаер беше министер за надворешни работи во Владата на канцеларката Ангела Меркел во два наврати, а претходно беше шеф на кабинетот на канцеларот Герхард Шредер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.