Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зихофер предупреди на опасноста од бегалски бран што би можел да го надмине оној од 2015 година и укажа на потребата да им се помогне на државите кои ги чуваат надворешните граници на ЕУ.

Треба да им помогнеме на нашите европски партнери за да ги контролираат нивните надворешни граници. Премногу долго ги оставивме на цедило. Ако тоа не го сториме, ќе доживееме бегалски бран како оној во 2015 година. Можеби дури и поголем од тогаш, изјави Хорст Сехофер во интервју за „Билд ам Сонтаг“ .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.