Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, апелираше до граѓаните да се откажат од патувања поради пандемијата на корона вирусот.
Како што порача министерот, откажувањето од патување во странство сега е граѓанска должност.
Во овој момент, апелирам до граѓаните да се откажат од патувања во странство, кои не се неопходни – нагласи Зехофер во изјава за весникот „Аугсбургер алгемајне“.
Зехофер особено ги осуди луѓето кои сега патуваат во земјите каде што се шират новите мутации на вирусот, како што се Велика Британија, Португалија, Ирска, Јужна Африка и Бразил и кои на тој начин ризикуваат пренесување и ширење на тие мутации на корона вирусот во Германија.
Од денеска во Германија стапи на сила забраната за влез на патници од Велика Британија, Ирска, Португалија, Бразил, Јужна Африка, а влезот од Лесото и Есватини во Јужна Африка е забранет од утре.
Германските граѓани се ослободени од забраната за влез во земјата.
Зехофер го објасни воведувањето на забраната како мерка за заштита на граѓаните, што смета дека е апсолутно неопходна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.