Шефот на германската Агенција за контрола на болести, Лотар Вилер, изјави дека воведените рестриктивни мерки против ширење на корона вирусот спасиле повеќе од 100.000 животи во земјата од почетокот на пандемијата пред една година.
На предавање пред студентите на Техничкиот универзитет во Минхен, Вилер истакна дека стапката на смртност од инфекција со Ковид-19 во Германија од околу 1,14 отсто, значу дека ширењето на вирусот низ целата земја можело да доведе до над 800.000 смртни случаи.
Во нашата земја спасивме десетици илјади, ако не и сто илјади животи преку овие мерки за јавно здравје – објасни Вилер, кој раководи со Институтот „Роберт Кох“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.