Влијателниот германски кардинал Рајнхард Маркс му понуди оставка на папата Франциск, поради „институционалниот и системски неуспех“ на Католичката црква да се справи со скандалите со сексуална злоупотреба на деца.
Во суштина, за мене станува збор за споделување одговорност за катастрофата со сексуалното злоставување од црковните службеници во изминатите децении, напиша Маркс во оставката, адресирана до папата, јави ДПА.
Маркс вели дека истрагите и стручните извештаи во изминатите 10 години постојано покажуваат дека имало „многу лични неуспеси и административни грешки“, но „исто така и институционален или системски неуспех“.
Независна истрага, нарачана од Римокатоличката црква, откри стотици случаи на сексуално насилство, наводно извршени од свештенството и лаиците од најголемата германска епархија. Долго очекуваниот извештај на Келнската епархија на 800 страници идентификуваше 202 наводни извршители на сексуално насилство и 314 жртви во периодот од 1975 до 2018 година. Повеќе од половина од жртвите се деца на возраст под 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.