Моментално руската вакцина против коронавирусот поминува низ процедура на постепена експертиза во европскиот регуларот за лекови.
ЕУ би требало да ја купи руската вакцина против коронавирусот – Спутник V, чија ефикасност е потврдена, пренесува германскиот весник „Handelsblatt“, додавајќи дека за тоа постојат три причини.
Матијас Брухман наведува дека првата причина за тоа е тоа што купувањето на руската вакцина би ја ублажила напнатоста во односите меѓу Русија и ЕУ.
Второ, многу од луѓето му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин отколку на европските политичари и сакаат да се вакцинираат со руската вакцина против коронавирусот, а тоа би довело до неопходниот колективен имунитет, додава новинарот, пренесува „Србија Данас“.
„Русија врз основа на научното население е способна да постигне големи успеси во медицината, што е докажано уште од времето на Советскиот Сојуз. Источна Германија благодарение на вакцините успеала да искорени болести и претходно“, потсетува германскиот новинар.
Третата причина поради тоа што ЕУ треба да ја купи руската вакцина, според мислењето на Брухман е фактот што тоа е главната работа во борбата против пандемијата – да се користи тоа што навистина помага.
Тој потсетува дека Спутник V сакаат да ја купат и поедини премиери од германски сојузни држави, како и претставници на федерални влади. Доколку ЕУ го блокира купувањето на руската вакцина, со набавката директно треба да се занимава Берлин, смета Брухман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.