Врз основа на податоците што ги поседува агенцијата ДПА, германската влада во 2019 година одобри рекорден извоз на оружје.
До 15 декември, владата одобри извоз во вредност од 7,95 милијарди евра, што е најголема бројка од 2015 година, според одговорите на Министерството за економија на прашањата од двајца опозициски пратеници од редовите на Зелените и левичарската партија „Левица“.
Германија извезе оружје во вредност од околу 1,7 милијарда евра за НАТО-членката Унгарија, 802 милиони евра во Египет и 483 милиони евра во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.