Германската биотехнолошка компанија „КjурВак“ соопшти дека нејзината вакцина против корона вирусот може безбедно да се чува до три месеци во обичен ладилник, што веројатно ќе помогне да се избегне големата логистичка пречка кога станува збор за нејзината дистрибуција.
Во соопштение од компанијата се наведува дека нејзиниот лек, што е кандидат за вакцина темелена на „mRNA“, „CVnCoV“, останал стабилен и во рамките на дефинираните спецификации најмалку три месеци кога се чува на пет степени Целзиусови и до 24 часа на собна темепература кога е подготвен како вакцина за употреба.
Транспортот и чувањето на вакцините за кои е потребна ултра-ниска температура за да бидат стабилни, беше предмет на интензивна дебата и загриженост во поглед на изводливоста, дополнителните трошоци и расипувањето – вели д-р Флоријан фон дер Мулбе од „KјурВак“.
Тој додава дека компанијата е „многу охрабрена од извонредната стабилност на нивниот кандидат за вакцина против Ковид-19“ кога се чува во стандарден ладилник, како и со издржливоста на собна температура.
Оваа компатибилност, исто така, потенцијално овозможува децентрализирано складирање и може значително да ги олесни напорите за големи вакцинации за време на тековната пандемија – додаде Фон дер Мулбе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.