Германската канцеларка Ангела Меркел отпатува во проштална посета на Израел, која ќе вклучува средби со претседателот Исак Херцог и премиерот Нафтали Бенет.
Меркел ја напушта функцијата штом се формира новата влада во Германија по изборите одржани во септември. Пред неколку дена таа го посети и папата Франциск во Ватикан.
Денеска таа треба да се сретне со Бенет, Херцог и министерот за надворешни работи Жаир Лапид, првпат откако новата израелска влада ја презеде функцијата во текот на летото.
Патувањето во Израел, претходно закажано за крајот на август, беше откажано поради настаните во Авганистан.
Меѓу најверојатните теми на агендата се иранската нуклеарна програма, односите со Палестинците и билатералните односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.