Германскиот министер за здравство Јенс Спан ја повика Светската здравствена организација (СЗО) да ја забрза својата ревизија на управувањето со пандемијата на новиот коронавирус, што претставува знак дека Европа зазема построг став кон ова тело на ОН.
Германија моментно претседава со ЕУ, а досега имаше заштитнички став кон СЗО, која е под жестоки критики од Вашингтон, кој најави повлекување од организацијата поради отстапки кон Кина. Сега се чини дека Берлин зазема поизразен став.
Кога станува збор за повторна проценка на работата на СЗО за време на кризата, имав можност да разговарам во вторникот во Париз со директорот Тедрос Аданом Гебрејесус, како и пред две недели во Женева. И во двата разговора јасно го охрабрив да основа независна експертска комисија и да го забрза почетокот на нивната работа – истакна Спан.
СЗО минатата недела објави дека ќе формира независна комисија за проценка на управувањето со пандемијата и одговорите на владите на коронавирусот.
Гебрејесус истакна дека комисијата во ноември ќе го достави својот прв извештај до министрите за здравство, а конечниот ќе биде подготвен во мај следната година.
Спан нагласи дека извештајот е важен сега, додека пандемијата сè уште се шири низ светот, бидејќи „веќе можат да се извлечат заклучоци“.
Европските земји сметаат дека ревизијата треба да биде придружена со реструктуирање на организацијата, за што веќе се дискутирало во ОН, како и во Г7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.