Резултатите од три лаборатории во Германија, Франција и Шведска сите независно го потврдија присуството на нервниот агенс „Новичок“ во системот на рускиот опозициски активист, Алексеј Навални, објави во понеделникот германската влада, пренесува Вашингтон пост.
Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) исто така беше вклучена во анализата на примероците пронајдени во крвта, кожата и урината на Навални, како и шишето со вода од кое пиел пред да се разболи, велат од германската влада.
На истакнатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин му се слоши за време на летот минатиот месец, по што беше пренесен во берлинската болница која прва излезе со тврдења дека е отруен. Кремљ негираше каква било вмешаност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.