Раководителот на Институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, предупреди дека во Германија почнал третиот бран на Ковид-19, додавајќи дека е многу загрижен од развојот на епидемијата.

Вилер смета дека и покрај спроведената вакцинација на населението во Германија, граѓаните треба да продолжат да носат заштитни маски и да одржуваат дистанца, пишува „Дојче веле“.

Главниот германски епидемиолог ја опиша кампањата за вакцинација како „трка против мутираниот вирус“.

Во исто време се гледа светлина во тунелот. Доколку нема проблеми со испораката на вакцина против Ковид-19, до есен 80 отсто од населението во земјата ќе стекне имунитет против корона вирусот. Кога тоа ќе се случи, тогаш можат да бидат укинати ограничувањата – смета Вилер.

Според него, вакцината против Ковид-19 ќе мора да се дава редовно, иако сè уште не е јасно колку често треба да се прави тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.