Германија планира да забрани влез за патници кои во Европската Унија доаѓаат од Велика британија, без разлика дали ја примиле вакцината против Ковид-19.
Како што објави „Тајмс“, германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прогласи Велика Британија за „загрижувачка земја“ затоа што делта варијантатата на вирусот е премногу распространета во оваа земја.
Весникот додава дека за ваквите планови ќе расправаат високи европски и национални претставници од Комитетот на ЕУ за интегриран политички одговор на кризата, но се очекува Грција, Шпанија, Кипар, Малта и Португалија да се спротивстават на таквиот предлог.
Предвидено е канцеларката Меркел неделава да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон во Англија.
Велика Британија планира следниот месец да објави план со кој целосно вакцинираните лица ќе можат да патуваат без ограничувања во сите земји, освен оние со висок ризик од инфекција со Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.