Во последните 24 часа во Германија е забележан најголемиот пораст на новозаразени од коронавирус во последниот месец.

„Во последните 24 часа се пријавени 770 нови случаи на инфекција. Последниот пат кога беше забележан толку голем број беше на 20 мај “, соопшти денеска државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“.

Најголем дел од новозаразените доаѓаат од три нови жаришта во сојузните покраини Северна Рајна – Вестфалија, Долна Саксонија и Хесен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.