Германскиот министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, по средба со својот полски колега порача дека Германија нема да ги прифаќа мигрантите од белоруско-полската граница.

Ако примаме бегалци, ако попуштиме под притисокот и кажеме „да, прифаќаме бегалци во европските земји“, тогаш тоа значи дека ќе ја прифатиме самата основа на оваа перфидна стратегија – изјави Зехофер на прес-конференција во Полска.

Европската Унија ја обвинува Белорусија дека намерно создава мигрантска криза со носење бегалци од Блискиот Исток со авиони до нејзините граници со Полска и Литванија. Минск ги отфрла тие тврдења.

Станува збор за нерегуларни и перфидни миграции организирани од Белорусија со делумна поддршка на Русија. Полјаците не ги следат само своите интереси. Тие дејствуваат во интерес на целата Европска Унија – изјави Зихофер.

Белоруските власти денеска ги расчистиле најголемите мигрантски кампови на границата со Полска, по неколкунеделната ескалација на кризата меѓу Европската Унија и Белорусија.

Зехофер го нарече „дезинформација“ известувањето на белоруската новинска агенција Белта дека претседателот Александар Лукашенко и` претставил на германската канцеларка Ангела Меркел план за решавање на кризата, во кој ќе биде вклучен услов ЕУ да прифати две илјади мигранти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.