Во делови на Германија падна ситен снег, само 1,5 месец пред официјалниот почеток на летото.

Тенката снежна покривка утринава ги дочека жителите на планината Харц во централниот дел на земјата, на висина над 700 метри.

Германската метеоролошка служба соопшти дека ладниот бран ќе се движи кон југ и дека ќе потрае до понеделник, со снег на Алпите чија висина ќе достигне 20 сантиметри и ноќни температури под нулата.

Падовите на температурите и мразевите кон средината на мај не се невообичаени за Германија.

Во народот таа појава се препишува на ледените светци – христијанските маченици чии денови паѓаат меѓу 11 и 15 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.