Германија најави дека ќе прими 25.000 од вкупно 40.000 Авганистанци прифатени од земјите-членки на ЕУ, кои се сметаат за најранливи по преземањето на Кабул од страна на талибанците.
Германија во 2015 година прими рекорден број бегалци, речиси 900.000, а повеќето од нив дојдоа од Сирија, Авганистан и Ирак.
По увидот во писмото на висок претставник на ЕУ, западни медиуми јавија дека еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ги повикала земјите-членки да ги исполнат сите свои ветувања за преземање бегалци до 2022 година.
Ранливите луѓе и ранливите бегалци чекаат да бидат преместени за да можат да почнат нов живот во безбедност и достоинство – вели Јохансон.
Според документот, освен Германија која ќе преземе 25.000 бегалци, Холандија се обврзала да прими повеќе од 3.100 луѓе чии животи во моментов се најзагрозени. Франција и Шпанија ќе примат по 2.500 Авганистанци, додека 2.000 ќе одат во Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.