Германија планира следната година да потроши 3,9 милијарди евра за набавка на 204 милиони дози вакцини за да се заштити од можни проблеми при производството или за потреба од засилена вакцинација.

Најголемиот дел од набавката ќе биде 80 милиони дози mRNA вакцина „БионТек-Фајзер“, која Германија веќе ја договори преку шемата за набавки на Европската Унија, се вели во извештајот на Министерството за здравство.

Уште 31,8 милиони дози ќе има од „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ 18,3 милиони дози, а 70 милиони дози од „Санофи“, „Новавакс“ и „Валнева“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.