Германија одвои 300 милиони евра за хуманитарна помош ширум светот за борба против коронавирусот, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.
Тоа е одговор на повикот за помош од ОН, Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина. Министерот за надворешни работи Хајко Мас изјави денеска дека луѓето во воените зони, бегалските кампови и земјите со преоптоварени здравствени системи се особено изложени на ризик за време на пандемија.
Средствата ќе бидат наменети за разни организации, вклучително и Светската здравствена организација, Меѓународната организација за миграција, Црвениот крст и Црвената полумесечина, Светската програма за храна и Високиот комесаријат на ОН за бегалци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.