Германија очекува да добие 10 милиони дози вакцини против Ковид-19 до крајот на следната недела, и со тоа значително ќе се зголеми бројот на вакцинирани лица, најави денеска министерот за здравство, Јенс Шпан.

Тој додаде дека не треба да се брза со укинување на дел од рестриктивните мерките, иако бројот на новозаболени почна да се намалува, но бројот на заразени во Германија со британскиот вид е над давесет проценти.

Вакцинацијата е на доброволна основа, но Шпан побара од граѓаните да ја примат вакцината.

Ако чекате, ризикувате да заболете од сериозна болест, истакна Шпан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.