Бројот потврдени случаи со корона вирус во Германија во последните 24 часа се зголемил за 4.058. Сега има вкупно 310.144 заболени. Истовремено, проширена е листата на ризични региони.
Од корона вирус починале уште 16 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно се починати 9.578 луѓе.
Денеска Германија повторно ја ажурираше листата на високоризични региони и земји и на неа ги стави цела територија на Грузија, Романија, Тунис и Јордан, како и делови на Словенија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Словачка, Унгарија и Холандија.
Истовремено од листата е симнат островот Корзика, соопшти Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.
На германската црвена листа се шест од 12 словенечки региони, а патниците од тие региони треба да бидат во 14-дневен карантин по доаѓањето во Германија.
За Германија, како ризични региони се сметаат земјите во кои бројот на инфекции со корона вирус ќе надмине 50 на 100.000 жители во текот на седум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.