Германското обвинителство поднесе обвиненије за убиство против рускиот државјанин Вадим С. кој се терети дека минатата година во Берлин го убил 41-годишниот Грузиец, Зелимхан Кангошвили, обвинувајќи ја Русија дека го нарачала убиството.

По убиството, германското Министерство за надворешни работи протера двајца руски дипломати поради недостаток на соработка за случајот. Кангошвили, роден Чеченец, бил поранешен командант на специјалните сили во Грузија и ветеран од војната во Чеченија, кој преживеал претходни обиди за убиство.

Додека Германија бара од Москва да ја разјасни ситуацијата во врска со убиството, Русија инсистира на тоа дека нема докази дека членовите на руската дипломатска мисија во Берлин биле вмешани во смртта на Кангошвили.

Нападот се случи кон крајот на август минатата година во паркот Клајнер Тиергартен во Берлин. Убиецот му се приближил на Кангошвили одзади и двапати му пукал во главата пред да избега на велосипед.

Жена што сето тоа го видела од близина рекла дека сè изгледало како чиста, професионална егзекуција. Велосипедистот по убиството мирно заминал, но набргу бил уапсен во близина на местото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.