Германија ќе ги заостри ограничувањата на коронавирусот во услови кога земјата бележи нов пораст на случаи на заразени, објави во четвртокот агенцијата Франс-Прес повикувајќи се на нацрт-регулативите од владата.

Новите мерки ќе важат на територијата на цела држава и ќе вклучат минимална казна од 50 евра за лица без маски. Покрај тоа, собирите на повеќе од 25 лица ќе бидат забранети.

Претходно, градот Берлин забрани протести закажани за оваа недела што ги организираа луѓе кои се спротивставуваат на мерките за заштита на вирусот. Во своето последно ажурирање, Германија забележа над 1.400 дневни инфекции со новиот вирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.