Германија е подготвена да ја продолжи делумната блокада, станувајќи една од многуте европски земји што воведува нови ограничувања, бидејќи третиот бран на коронавирусот го напаѓа континентот.

Германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на сојузните држави ќе се состанат денеска на разговори за одговор на пандемијата, а локалните медиуми известуваат за нацрт-резолуција од канцеларијата на Меркел, која предлага продолжување на „локдаунот“ низ целата земја до 18 април.

Како и на други места во Европа, Германија се бори со забрзан трет бран, бавен процес на вакцинација и растечки замор од заклучувањето.

Но, тековните ограничувања во комбинација со фрустрацијата доведоа до илјадници демонстранти кои се собраа во градовите низ Европа за време на викендот, вклучително и во Германија, Холандија, Швајцарија и Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.