Педесетгодишна туристка од Велика Британија била силувана додека лежела онесвестена на улица во Мајорка. Жената е нападната околу 3 часот наутро, во областа на градскиот округ Лес Меравељес јужно од главниот град Палма.

Запрепастените сведоци на нападот го тргнале напаѓачот од жената, а потоа повикале полиција која го уапсила Германецот на околу 40 години.

Мажот уапсен поради сомнеж за сексуален напад, однесен е во полициска станица на испитување, пренсува „Diario de Mallorca“.

Жената во меѓувреме била пренесена во блиската болница.

Како што пренесуваат локалните медиуми, нападот се случил на улица во близина на плажата која е преполна со локали и ресторани и која е популарна ноќна туристичка дестинација.

Мажот ја нападнал Британката пред околу 10 сведоци среде улица, пренесува „Ultima Hora“. Истражителите веруваат дека осомничениот и жртвата се познавале од претходно, како и дека можеби истиот ден порано се сретнале во барот.

Истрагата е во тек, а сè уште не е покренато обвинение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.