Генералното собрание на Обединетите нации го усвои договор чија цел е да се обезбеди сигурна и уредна миграција.
На договорот кој беше подржан од мнозинството се спротивставија пет земји, објави Асошиетед прес.
Глобалниот миграциски пакт е првиот меѓународен документ по ова прашање, иако тој не е правно обврзувачки.
Тој беше усвоен на Генералното собрание на Обединетите нации со 152 гласа ‘за’, а пет против.
Против гласаа САД, Чешка, Израел, Унгарија и Полска, додека 12 земји беа воздржани, додава Асошиетед прес.
Договорот е резултат на напорите на ОН за борба против опасните ситуации и нелегалните движења преку границите, што го прави шверцот на луѓе профитабилна работа во целиот свет, се наведува во заклучокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.