Генералот на иранската Револуционерна гарда Годротолах Мансури, кој учествуваше во борбите во Сирија и Ирак, случајно се застрелал додека го чистел својот пиштол, објавено е на сајтот на Гардата.
Во соопштението се наведува дека Мансури денеска несакајќи се застрелал во главата. Мансури е ветеран од иранско-ирачката војна од осумдесетите години на минатиот век, а изминатите години се борел против припадниците на Исламската држава во Сирија и Ирак.
Од 2014 година бил регионален командант на Револуционерната гарда со седиште во Машад, на североисток на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.