За еден од најбогатите луѓе во светот, филантропот Бил Гејтс, долгото чекање на резултатите од повеќето тестови за коронавирус во САД самото тестирање го прави целосно бесмислено и неуспешно, пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си.
Повеќето тестови за коронавирусот во САД се целосно бесмислени, затоа што луѓето треба да чекаат долго за резултатите. Повеќето резултати се чекаат подолго од 48 часа, а ваквото тестирање е целосно промашено, изјави американскиот милијардер.
Лабораториите низ целата земја доцнат со издавањето на резултатите од тестот за коронавирусот заради зголемувањето на бројот на пациенти. Многу пациенти чекаат од неколку дена до една недела за резултатите, наведуваат двете најголеми компании за лабораториски дијагностицирања во САД.
Просечното време на чекање за резултатите од тестот е над два дена за пациентите со најголем приоритет, соопшти компанијата Quest Diagnostics, додека за сите други надминува седум дена.
Бил Гејтс посочува дека тестовите, за чии резултати се чекаат повеќе од три, а понекогаш и до седум дена, не треба да чинат ни еден долар.
Тоа е сулудо, рече тој.
Основачот на „Мајкрософт“ потенцира дека е неопходно да се направат приоритети и припадниците на најсиромашните слоеви на општеството, кои и онака се најмногу изложени на ризикот од заразување, треба резултатите да ги добиваат во рок од 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.