Цената на гасот во Европа достигна рекордно висока цена и денеска, првпат во историјата, се искачи на илјада долари за илјада кубни метри гас.
Гасот што треба да се испорача во октомври на холандската берза се тргуваше за 1.031,3 долари за 1.000 кубни метри, што е пораст од над 11 проценти за еден ден.
Директорот за природни ресурси и артикли во компанијата „Фич“, Дмитриј Мариченко најави дека е можен понатамошен раст на цената на гасот ако зимата биде многу студена и ако има дефицит во понудата.
Најголем тест и за цената на гасот и за потрошувачите ќе биде зимата. Ако времето е студено, а имаме физички недостиг на гас, цените би можеле да бидат уште повисоки – истакна Маринченко.
Тој додаде дека растот на цената на гасот е и рефлексија на актуелната конкуренција помеѓу европските и азиските купувачи на течниот природен гас, малите резерви во европските капацитети за складирање гас и недоволното зголемување на испораките на најголемите снабдувачи на гас во Европа, пред се „Газпром“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.