Африканската земја Гана го повлече признавањето на автономност на Косово, што ја прави 16 земја која се одлучува на ваков чекор, пренесе „Б92“.

Овој викенд стигна нота од Гана во која се наведува дела владата на таа земја донела одлука да го повлече признавањето на Косово, како и дека одлуката која ја донела претходната влада на Гана била погрешна.

Тоа засега е најголемата земја која го повлекува признанието, а преговорите меѓу Србија и Гана се одвиваа една и пол година.

Претходно во август, уште една земја од Африка го повлече признанието на Косово. Станува збор за Того, додека претходно признанието го повлекоа Унијата на Коморските Острови, Сао Томе и Принципе, Гвинеја Бисао, Бурунди, Либерија, Лесото, Гренада, Мадакаскар, Комонвелт Доминика, Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови, Палау и Централноафриканската Република.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.