Европската агенција за заштита на границите ФРОНТЕКС предупредува на нов бран бегалци на границата помеѓу Турција и Грција, објави германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на интерен, доверлив извештај за актуелната ситуација.
Откако ќе бидат укинати ограничувањата поради коронавирусот ќе уследи масовно движење на мигрантите во правец на турско-грчката граница – се наведува во документот на ФРОНТЕКС.
Европската агенција истакнува дека пандемијата со Ковид-19 ја спречи грчката Влада да го реализира својот план за значително зајакнува на полицијата околу реката Еврос.
Планираното испраќање на дополнителни 400 полицајци во регионот околу Еврос е одложено поради вирусот, наведува ФРОНТЕКС.
Во документот се посочува и дека кон крајот на февруари и почетокот на март повеќе илјади мигранти се обиделе да ја премина турско-грчката граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.