Фризерот на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е пронајден мптов во соба на еден хотел во Цирих, пренесуваат денеска шпанските и португалските медиуми.

40 годишниот Рикардо Маркс Фереира е пронајден мртов во кревет во локва кпв. Се упатува дека бил избоден со нож, известуваат весниците „Кориерио де Манха“ и „АБЦ“.

Мртвото тело го пронашла собарка од хотелот, во собата се чувствувал мирис на алкохол.

Според „АБЦ“ фризерот Фереира имал договорен состанок со „еден пријател“ во хотел средба која завршила со расправија и убиство.
Рикардо Маркс Фереира инаку е роден во Мадеира како и Кристијано Роналдо, а последните две години живеел во Цирих, Швајцарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.